Стевче Доневски & Никола Ристевски – „Зборник за Кратово – книга втора“

 In Текстови

ЗБОРНИК ЗА КРАТОВО – книга втора

Ретки народни преданија, легенди, сведоштва и приказни од Кратово и околината

„Од лажна легенда не се живее, од права, чуена, вистинска легенда се живее и век се векува!“

Здраво живо, почитувани читатели. Ви благодарам за досегашниот интерес за моите книги, научната работа и истражувањата. Како што повеќето од вас се запознаени, освен Зборниците за Овче Поле и останатите дигитални и печатени изданија, годинава беше објавена и книгата „Зборник за Кратово – книга прва“.

Во неа за прв пат ги објавив пророштвата од Кратовските старци, собрани од мојот драг пријател и соработник Стевче Доневски од Кратово. Заедно работиме на неколку книги, а наскоро ја објавуваме „Зборник за Кратово – книга втора“, на која и двајцата сме потпишани како автори.

„Или е излиен, или е за лиење, или е пун калај.“

Во вториот Зборник за Кратово освен фототипи од стари книги и мои репортажи со импресии од овој древен Македонски град, ќе можете да читате и многу други податоци и информации, кои како и поголемиот дел од досега објавената содржина – за прв пат ќе бидат објавени во печатено издание.

„На радост не се смеј, на жал не плачи“

Стевче Доневски

Ќе читате легенди поделени во три поглавја по 24, 14 и 7 легенди, многу народни преданија, приказни, сведоштва за вистински настани, информации за луѓе со натприродна сила, податоци за јасновидците и пророштвата, народното разбирање на временските промени и циклуси, народни лекарства и природни иљачи, кратовски изреки – сите уредно собрани, запишани со потврдени информатори од Стевче Доневски во изминатите неколку децении. Освен ова, ќе читате и неколку „изненадувања“ преку текстови кои ја претставуваат и прикажуваат поврзаноста на Кратовскиот регион со Овчеполието…

Никола Ристевски

„Летоска одуе, зимоска зимуе, на тепсија со пари играе!“

„Зборник за Кратово – книга прва“ можете да ја набавите преку Никола Ристевски и/или Стевче Доневски, од интернет страницата www.zbornikzakratovo.wordpress.com, преку фан страницата на fb или во одделот Книготека на оваа страница.

Recommended Posts

Leave a Comment

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt
0

Start typing and press Enter to search