Природните богатства на Овче Поле – запис од 1924 година

 In Текстови

Богатството на Овче Поле не е само во неговите плодни ниви и ливади, туку и во природните богатства. На повеќе места се наоѓаат мали солни наслаги – солни бари, поради што работниците на пругата често морале да бараат слатка вода на длабочина од 4 до 5 метри. На планината Богословец недалеку од пругата се наоѓаат големи наслаги на гипс, а лево од пругата за Штип во близина на селото Црнилиште и околните села се наоѓа јаглен. За време на изградбата на железничката пруга се пронајдени и костури од изумрени животни, а на едно место и глава од мамут со заби. Многу од тие животински остатоци се пронајдени на 5 и 14 километар. Нив ги собрал Петар Павлович и ги однел во белградскиот музеј. Секако дека научни истражувања би потврдиле уште поголемо природно богатство на Овче Поле, кое со векови стои неискористено…

извор – весник „Правда“, 22 10 1924

Recent Posts

Leave a Comment

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt
0

Start typing and press Enter to search