Писмото од Кнежје е исто како денешниот Македонски јазик

 In Текстови

Цели генерации на жители на Република Македонија упорно тврдат дека денешната ситуација во која што се наоѓа Републиката е последица на странските агенди за уништување на Македонија. На истото им одговарам потврдно, но секогаш им посочувам дека сепак поголеми виновници се домашните службеници кои и свесно и несвесно одработуваат за туѓи цели и планови. Истите со своите (не)дела низ годините допринеле за ништење и бришење на колективната свест на Македонскиот народ. Поврзаноста на денешните генерации со антиката, но и периодите пред тоа не може да се оспори, колку и во тоа да сакаат да успеат модерните лажни авторитети. Една днк-анализа на народот од неколку региони во Републиката и споредба на резултатите со днк на пронајдени човечки остатоци од тамошните археолошки локалитети ќе биде доволна за почеток, но ниту се спремни ниту дораснати за такво нешто. А народот е и те како подготвен и сам да ги отвори древните светилишта кои се посилни од секакви разговори, преговори и договори.

Пример за тивкото бришење на непроценливото културно богатство со кое што располагаме и информациите кои ни доаѓаат од светата ризница на предците

Откако уште пред 7 години TFAHR објави дека на еден артефакт од Кнежје напишаното значело ancient Greek characters ΠIEI, which translates to ‘Drink!’ (испишаното на делот од артефактот кој служел за пиење, на „старогрчки“ ΠIEI со значење „Пиј!“), никој од надлежните институции и соодветната „фела“ не ги демантираше. ΠIEI пред 2300 години и ПИЈ денес, наш јазик си е тоа.

Артефактот бил увозен и „пиј“ било на „старогрчки“, а ние од таму ли денес уште велиме „пијам вода“, пиј, напиј, испиј…

ПIЕI е само уште еден во редица на фактите кои потврдуваат дека пред милениуми на овие простори се говорел јазикот кој со мали промени се зборува и денес.

Н.Р.

12 6 2018

Recommended Posts

Leave a Comment

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt
0

Start typing and press Enter to search