Овчеполските занаети, работилници, дуќани

 In Текстови

Овчеполските занаети

Со развојот на населбата и прераснувањето во градче, во Свети Никола освен трговијата, се зголемиле и занаетчиските работилници. Старите знаеја да кажат како „пред скоро еден век имавме над сто дуќани, книготека…“, а во Република Македонија по 1991 не се направени никакви детални проучувања на старите занаети во Овчеполскиот регион. И во соседните региони се паметат занаетчиите од Овчеполието, сè уште има спомени и за Овчеполските трговци, а во Кратово дури и се чуваат записи за мадамџиите – Овчеполските рудари.

До „крајот на турското владеење“ во Свети Никола се развиле налбатскиот, ковачкиот, самарџискиот, сарачкиот, коларскиот, мутавџискиот, абаџискиот, опинчарскиот и берберскиот. До периодот по втората светска војна, почнале да исчезнуваат мутавџискиот, терзискиот, сарачкиот и бојаџискиот занает, најчесто заради тоа што некои од занаетчиските производи почнале да се заменуваат со фабрички.

Во 1929 година во Свети Никола имало 2 кројачки, 6 чевларски, 3 ќурчиски, 2 столарски, 5 ковачки, 2 калајџиски, 4 фурнаџиски, 5 терзиски и по една бојаџиска и сарачка занаетчиска работилница.

Големата светска економска криза во тој период несомнено повлијаела и на овој регион, а за истото сведочат и спомените на повозрасни Светиниколчани, кои паметат што им раскажувале старите за тој период. 30 години подоцна, бројот на занаетчиските работилници од 31 се качил на 82, некои занаети исчезнале, а се појавиле и нови видови на работилници.

Во 1959 година во Свети Никола имало 22 кројачки, 10 чевларски, 6 ќурчиски, 5 столарски, 5 тенеќеџиски, 5 слаткарски, 4 ковачки, 4 калајџиски, 4 коларски, 4 берберски, 3 фурнаџиски, 3 налбатски, 3 опинчарски и по еден саатчиски и фотографски дуќан. За дел од занаетите суровините се набавувале од Овчеполската Котлина, а за некои од поголемите центри – Штип, Велес, Скопје и др. Во 1962 година ова градче имало сосема мала индустрија, постоел „само еден млин со мал капацитет, во кој се запослени 56 работници“. Пазарен ден од секогаш бил сабота, освен еден краток период, во кој „по барање на штипските Евреи пазарниот ден бил во четврток“.

Никола Ристевски

Н.Р.

користени извори

Мане Чучков – „Варошица Свети Никола на Овчем Пољу“, 1936

Јован Трифуновски – „Saint Nikolas, principale localite de la valee d’Ovce Pole#

Лазар Серафимов – Прилози кон проучување на историјата на Овче Поле и Свети Николе

Ристо Гонев – Новинарски записи за Овче Поле и Свети Николе

Recent Posts

Leave a Comment

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search