Овче Поле на Македонската Радио Телевизија – петок, 28 декември 2018

 In Текстови

Во петок на 28 декември 2018 гостувам на првата програма на Македонската Радио Телевизија. Во утринската програма „Македонија наутро“ ќе ги претставам мојата досегашна работа за Овчеполскиот регион, членството во меѓународната научна организација SB Research Group, објавените книги за Овчеполието и економскиот потенцијал на Овчеполската Котлина.

ОВЧЕ ПОЛЕ

– Пет дигитални изданија (е-книги)
– Три научни трудови со SBRG
– Магистерски труд „Управување и маркетинг на туристичкиот потенцијал во Овчеполската Котлина“
– Седум објавени книги – печатени изданија:
Имагинариум
Зборник за Овче Поле 1, 2 & 3
Зборник за Кратово 1
Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина
За Овчеполските работи

Во изминатите седум години Овчеполието беше споменато во дузина прилози и емисии на неколку телевизии од Македонија, регионот и странство, беа продуцирани десетици радиоемисии за културното наследство и природните ресурси на Овче Поле, за Овчеполската Котлина пишуваа повеќе дневни весници, но и интернет страници од Македонија и странство, беа објавени многу текстови, преводи и документи на интернет страници и блогови, а Овчеполскиот регион стана единствен во Република Македонија кој за релативно кратко време доби толкава промоција и збирка со значајни објавени книги.

Со ова телевизиско претставување на Македонската јавност ќе ѝ биде прикажана досегашната работа, а гледачите ќе се запознаат и со она што следува во наредната календарска година. Гледајте МТВ/МРТ1 во петок на 28 декември, рано наутро – по 07:40 часот.

Ви благодарам за вниманието.

м-р Никола Ристевски

Recent Posts

Leave a Comment

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt
0

Start typing and press Enter to search