Македонскиот аџилак во Овче Поле и Свети Николе

 In Текстови

Никола Ристевски го запознав при едно патување со Македонски Аџилак во Свети Николе и околината. Неговиот придонес кон историјата на градот ми  беше претходно достапен преку мрежата и се радував на неговиот непоколеблив напор да го распердаши чадот околу високите културолошки вредности кои Свети Николе ги поседува, наследува и заслужува во рамките на Македонската цивилизација. Предизвикува почит и охрабрување кога ќе забележите дека има млади луѓе кои се оттргнале од мракот на актуелниот образовен систем кој ги полни главите на македонските природни и творечки сили со омаловажувачки „информации“ за темелите на Македонското минато, што подразбира и на Македонската гордост и достоинство. Денес сум сосем спокоен дека посекаде низ соборите на Македонците во секоја генерација се раѓаат наследници на големото собирачко дело на Отец Паисиј, Цепенков, Чешмеџиски, Пулевски и другите наши сјајни претходници кои ги собирале податоците за посебноста на Македонската цивилизација.

Посебноста на Никола се состои во неговата дарба да ја пласира својата истражувачка дејност не само преку медиумот книга – пишуван збор, туку и преку новите електронски медиуми, при што не му недостасува и новинарско чувство за настан, способност да генерира соработници кои ќе ги внесе со својот жар во тајните на Свети Николе и ќе предизвика сензација одглобален карактер. За жал ова не им успева ни на луѓе кои сме ги овенчале со највисоки државни награди, најверојатно поради тоа што тие институционални интелектуалци се димензионираа (според препораката на образовниот систем) во рамките на некогашната СФРЈ.

Никола не се плаши од светската сцена. И неговиот настап околу геоглифот Канда не беше извинувачки пласиран како монументален  археолошки „увоз“ на територијата на Македонија. Никола Ристевски не се плаши да го помести Свети Николе на врвното место – „Единствен град на светот кој го носи името на Светецот Никола“, едноставно затоа што тоа е ВИСТИНА. Но, тој не запира иистражува понатаму до моментот на крштевањето.

Навистина посакувам да го открие и да ги открие моштите на Светецот, разнесени по светот во времето на една од Македонските Ренесанси, токму во неговиот роден град и неговата гравитациска сфера.

Верувам дека е возможно, верувам дека е реално, верувам дека ќе истрае, затоа што тоа го заслужува.

18 12 2018….гледам има недовршена совршена симетрија…

ИМА ЗНАЦИ….

Вангел Божиноски

Recent Posts

Leave a Comment

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt
0

Start typing and press Enter to search