КРАТОВО ВО ПАТЕПИСОТ НА АМИ БУЕ (ОД ЗБОРНИК ЗА КРАТОВО – КНИГА ПРВА)

 In Текстови

КРАТОВО ВО ПАТЕПИСОТ НА АМИ БУЕ

Во книгата „Recuel d’itineraires dans la Turquie d’Europe“ од д-р Ами Буе, се собрани маршрутите од „Европска Турција“ кои геологот и патеписец ги поминал од 1836 до 1838 година. Низ Кратовскиот регион поминал неколку пати, Страцин се опишува во патеписот од Константинопол до Албанија преку Ќустендил и Скопје, а Кратово е опишано во патеписот од Крива Паланка (Егри Паланка) до Албанија, кога се движел преку Кратово, Истиб, Монастир и Елбасан.

Кога Ами Буе поминувал низ Кратово, градчето било опколено „само со ерозирани порфирни карпи, сиви или сини и оголени“. Забележува дека сите гори кои биле во непосредна близина одамна исчезнале поради оловните леарници. Запишал дека Кратово му изгледало дека се наоѓа во отворен кратер, а преку котлината минувале три мали потоци, кои преку летото пресушувале. Во градот се наоѓале високите печки за извлекување на среброто од оловото. Ами Буе забележал дека не само мостовите, туку остатоците од старите згради кои ги видел, како и рушевините од храмови сведочеле дека тој „чуден и неправилно поставен град“ е многу древен. Ја разгледал и околината, но го проучил и населението.

„Тие добри луѓе носат замотани бели крпи на главите. Живеат во непознатите долини скриени во горите на опширните планини околу Кратово. Жителите на овој дел од Македонија во случај на востание би образувале едно јадро за напад и одбрана, заштитено од дивите планини кои се пресечени од многубројни долини во сите насоки…до сега тие планини биле главното скривалиште на ајдутите…“

Н.Р.

(целиот текст ќе можете да го прочитате во ЗБОРНИК ЗА КРАТОВО – КНИГА ПРВА)

Recommended Posts

Leave a Comment

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt
0

Start typing and press Enter to search