Зборник за Кратово – 20 часа пат по стариот „ајдутски пат“ од Ќустендил преку Кратово до Овче Поле

 In Текстови

„АЈДУТСКИОТ“ ПАТ

ЌУСТЕНДИЛ – КРАТОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ

Опис на стариот „ајдутски пат“, според книгата „Румена војвода“, напишана од Ефрем Каранов од Кратово, објавена во Софија во 1887 година.

Кратовското брдо почнува од врвот Руен и ако се движиш по билото на 6 часа од Руен е Царев врв, под кој тече Дурачка река. Има едно предание, кое вели дека кога дошле турците султанот се качил на тој врв, а војските застанале кај Дурачка река, па затоа врвот се нарекувал Царев (Султан тепе), а реката Дурачка од зборот „дур“, со значење „стојам“. Понатаму е преслапот Бела вода, врвовите Мартинин и Дренот, долот со Руменин камен, врв Костадиница, Карвак врв, Лисец, Којковски преслап, Буковец над Кратово. Од таму на левата страна по билото останува Лесновскиот манастир „Свети Гаврил“, преслапот Печеници, Плавица, Жгурите, Илин крст, Црн врв или Градиште, богати со сера и камен јаглен, покриени со стари утврдувања и големи камени жлебови, соби издлабени во карпите, какви што има во истите планини во урнатините над Коњух над Крива река. Откако ќе се помине Црн врв, следува билото покрај Стуболска бара, Три кладенци, Добра глава и се стига во Макрешкото поле, кое е дел од Овче Поле, каде што на Осоговските планини завршуваат на југ. За околу 20 часа пат по билото преку Кратово се стигало од Ќустендил до Овче Поле.

Според записот кој е стар повеќе од сто и триесет години, тоа бил патот на ајдутите од Руен до Овче Поле, а тие гори биле богати со различни минерали и минерални води, кисела вода во која има сер, хлор и алуминиум кај Кратово и топла вода во Овче Поле. Постоеле многу остатоци од копањето руди, како и самите орудија за работа од некогашните рудари.

Н.Р.

Recommended Posts

Leave a Comment

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text. captcha txt
0

Start typing and press Enter to search