ОПИС
Зборник за Овче Поле – книга втора содржи автентични извори на литература во кои се споменува големото Овчеполие, пишувани на неколку јазици. 32 наслови на над 200 страници со податоци, факти и информации за Овчеполската Котлина. Од патеписите на Евлија Челеби и Јеротие Рачанин, преку бугарските и српските книги од крајот на 19 и почетокот на 20 век во кои се споменува Овче Поле, до избор од научните трудови на Јован Трифуноски, со овој Зборник можете да се запознаете со древниот Овчеполскиот регион директно преку страниците на старите книги.