Имагинариум е втора книга на Никола Ристевски, прва во печатена верзија. Во последните пет години авторот има подготвено уште шест други книги на различни теми, кои се во подготовка за издавање. Во книгата Имагинариум можат да се прочитаат собрани текстови, пишувани во периодот од 2011 до 2016 година. Книгата е напишана и уредена од Никола Ристевски, издавачка куќа е Меѓународниот Центар за Славјанска Просвета, рецензијата е напишана од Александар Станковски, предговорот од Домагој Николич (www.sbresearchgroup.eu), коментарот од Стојчо Керев (www.novotopoznanie.com), а поговорот од Велимир Абрамович (www.constantpresenttime.com). Инспириран од содржината на Имагинариум и напишаната рецензија за книгата, македонскиот уметник Александар Станковски создаде и слика со наслов Имагинариум:

Книгата е пуштена во продажба од 23.12.2016, а повеќе информации за содржината, резервации и нарачки – на страницата на FB Имагинариум – Имагинариумот на Доктор СонЅе (клик). Наскоро во продажба ќе биде пуштена и четвртата книга на Никола Ристевски, втора во печатена верзија – Зборник за Овче Поле. Промоцијата на двете книги ќе се одржи во градот на Свети Никола во Овче Поле во 2017 година.

Читајте:

Александар Станковски – рецензија

Домагој Николич – предговор

Стојчо Керев – коментар

Велимир Абрамович – поговор

Делови од „Имагинариум“ на ЛОЗА 

 

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search