Ни Byla, ни Била, туку е БЕЛА ЗОРА

 In Текстови

Си била еднаш една Бела Зора…и толку ли? 🙂

Дали древниот град кој ѕирка од Градиштето до селото Кнежје во Овче Поле е навистина престолнината на старите Пајонци / Пеонци – големиот град од антиката Бела Зора / Bylazora? По убикацијата на проф. И. Микулчиќ од 1976 година локацијата на овој антички град престанува да се поврзува со денешен Велес, но и покрај зачестените истражувања на самиот локалитет во Овче Поле, до сега не е пронајден пишан доказ на самото место кој би потврдил дека тоа навистина е древната Бела Зора. Запишан во историските извори како Bylazora, овој древен град споменат од античките автори Полибиј и Тит Ливиј се наоѓал „на север, отаде Вардар“ и бил најголем град во Пајонија.

Денешното именување на археолошкиот локалитет Билазора наидува кај чудење кај многу посетители на кои самото име им звучи како нашиот, македонски израз – Бела Зора. Официјалната македонска наука го има прифатено латинското, римското и грчкото именување на многу места, и не остава простор за враќање на вистинските имиња, што можеби би предизвикало промени кон подобро и напредок во научните истражувања. Вака, звучи нешто како „…си била некогаш една Бела Зора, но одамна не е Бела, туку Билазора…”, и на езотерично ниво во догледно време не може да се види враќање на сјајот од оваа древна цивилизација и нејзиниот главен град – Бела Зора, се додека истиот го именуваме со туѓото – Билазора. Било Градиштето кај Кнежје навистина Бела Зора или не, време е овој локалитет да почне да се именува со македонското име – Бела Зора.

Во прилог на ова, ќе споделам неколку пасуси од мојата архива со цел расветлување на името Бела Зора.

„Цивилизацијата на Пеонија чека да биде откриена, сеуште немаме доволно официјално издадени книги за нивната митологија, начин на живот и технологија на градење. Постоеле повеќе Пеонски племиња, а во Овчеполието најверојатно живееле Астраи. Името на ова Пеонско племе означува Ѕвездени, што ни дава за право да веруваме дека нашите древни предци – Пеонците, верувале дека имаат потекло од ѕвездите.“

Никола Ристевски – Имагинариум, 2016

„Топонимот (името) на градот доаѓа од зборот – бела, убава зора – аурора, што би требало да значи – град осветлен од убави зраци. Името на овој славен горномакедонски – пајонски град потсетува на денешниот македонски израз Бела Зора.“

Лазар Серафимов – Билазора, 1999

Slavonic Names in Greek and Roman Antiquities, Volume 53. Front Cover. G. Sotiroff. Canadian Institute of Onomastic Sciences, 1969

Ivan Broz: CRTICE IZ HRVATSKE KNJIŽEVNOSTI Nakladnik: MaticaHrvatska, Zagreb Godina izdanja: 1888.

Janez Bleiweis Letopis Matica Slovenska 1879

Константинъ Иречекъ (Константин Йозеф Иречек) – ИСТОРИЯ БОЛГАР. Одесса, 1878.

Robert Cyprien – des Origines Slaves, Paris 1852

(продолжува)

собрал, уредил и објавил – Никола Ристевски, Овче Поле 2017

Recommended Posts
Showing 3 comments
    pingbacks / trackbacks

    Leave a Comment

    Contact

    We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

    Not readable? Change text.

    Start typing and press Enter to search