Светиниколскиот пазар и тешкотиите на локалните производители

 In Текстови

Градскиот пазар и тешкотиите на локалните производители

Повозрасните жители на градот се сеќаваат на многуте дуќани во центарот и Црквенско маало, коишто долги години продавале различни видови на стоки. Стариот пазар бил во непосредна близина на зградата на денешната локална самоуправа, а денешниот градски пазар е направен пред околу половина век. И денес во градот на Свети Никола постојат дуќани, пиљари и по некоја ретка занаетчиска работилница. Но, се забележува долгогодишната појава на градскиот пазар – каде што голем дел од понудениот избор во сабота, потекнува од други региони во Република Македонија. Не дека порано не доаѓале трговци од други краишта за да продаваат овде и да купуваат овчеполски производи, туку сега локалните производители скоро секоја година се соочуваат со тешкотии при пласманот на нивните продукти, и мака мачат со договарање на цените, плаќањето и сигурниот откуп. Во старите книги се споменуваат убавите мириси на вкусно овчеполско сирење кои се ширеле од градскиот пазар и квалитетот на разнообразното овошје и зеленчук, растено во Овчеполската котлина. Уште пред триесетина години, пазариштето било тесно за потребите на населението, а состојбата во која што се наоѓала тогаш не е нешто поразлична од таа денес. Дали ќе дочекаме Овче Поле да биде економски самоиздржливо, а на градскиот пазар да можеме да купуваме квалитетни органски производи од нашиот крај, со што производителите барем малку би ги ублажиле тешкотиите со коишто се соочуваат секоја сезона? Во втората деценија од новиот век, редно време е да започнат сериозни подготовски за спас на родот, избегнување на секаков вид семе со генетски модификации, но и за враќање на старите семенски сорти. Живеењето, работењето и управувањето според она што ни е наметнато како модерен урнек, се покажа дека не е функционално кај нашиот народ, па време да се поработи на изградба на нов и опремен откупен центар, кој ќе обезбеди не само безбедно складирање на продуктите, туку и ќе ги стабилизира често променливите цени. Во средината на 19 век, со изградбата на првиот таков откупен центар, Свети Никола од селска населба почнала да прераснува во градче…

  • напишано во 2015, објавено во 2016 во книгата Имагинариум – Имагинариумот на Доктор СонЅе.

Recommended Posts

Leave a Comment

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search