Неколку окултни редови за бројот 13

 In Текстови

 

13

Ден денес во Франција има агенции коишто нудат „quatorzieme“, четиринаесетти човек, доколку по некоја случајност на вечера се соберат 13 души.

13 октомври 1307 година – масовно апсење на Темпларите, наредено од кралот на Франција Филип Четврти, познат како Филип убавиот. Ги обвинил членовите на ова друштво за ерес, разврат, различни недоличности и хомосексуалност. За виновни биле прогласени само во Франција и во ниедна друга земја. Стотици витези, војници, свештеници и останати темплари биле затворени или убиени. Ова е само уште една историска случка поврзана со „несреќниот“ Петок 13-ти. Маскирани со крстот, овие витези ги почнале нивните т.н. „свети“ војни 2 века порано, напаѓајќи и палејќи го замокот Montsegur во Франција, каде што живееле „најголемите еретици“ – Катарите, потомци на нашите Богомили.

Во еден стар Египетски мит за којшто ни раскажал Плутарх, богот на подземјето и на вегетацијата – Озирис, бил убиен од брат му Сет, којшто по ова му го распарчил телото на 13 дела. Изис – жената на Озирис, во очај направила гроб според неговите идеални димензии, но сепак сакала да го склопи телото и заедно со сестра му на Сет и Анубис барале низ цел Египет. Потрагата била успешна и ги собрале парчињата, но сепак, нешто недостасувало. Го немало фалусот –  веќе послужил како храна на некои две риби. Сепак, Изис направила копија на делот којшто недостасувал. Ден денес во Египет има празници посветени на копијата, а низ целиот свет споменици.  На небото го имаме соѕвездието Орион, коешто според древните текстови, најдени во пирамидите, се смета за вечното ловиште на Озирис.

Пред четириесет и кусур години била неуспешната мисија на американците во нивниот обид да се „запознае и истражи“ вселената. На 13 април 1970 година се случила првата експлозија на вселенското летало со реден број 13. Истото било пуштено во лет два дена порано, во 13 часот и 13 минути. Подолу ги наведовме останатите отсликувања на бројот 13 во историјата на САД. 13 први колонии, 13 ѕвезди на првото знаме наместо денешните 51, 13 потписници на декларацијата за независност, 13 линии на знамето (6+7 црвено+бело), 13 скалила на пресечената пирамида, 13 ѕвезди над орелот, 13 стрели во едната канџа на орелот, 13 листови на маслиновото гранче во другата канџа на орелот, 13 линии на штитот на орелот. Френклин Рузвелт избегнувал состаноци со 13 луѓе и секакви активности на петок 13-ти.

Окултниот петок тринаестти

Стравот од петок 13 е наречен ’friggatriskaidekaphobia‘ (Frigga е името на Нордиската божица на плодноста, од којашто доаѓа петок, а triskaidekaphobia е стравот од бројот 13). Paraskevidekatriaphobia е комбинација од грчките зборови ’Paraskeví‘ (Παρασκευή, со значење – петок) и ’dekatreís‘ (δεκατρείς, со значење – тринаесет) додадени на  ’phobía‘ (φοβία, from phóbos, φόβος, со значење – страв). Како термини се дефинирани во почетокот на минатиот век, а во ’mainstream‘ културата се појавуваат кон средината на истиот.

Петок – Friday, од англо-саксонски води корен од Фриг, божица во Нордиската митологија. Таа била жена на Один, кралот на боговите – божица на љубовта и бракот. Кога се родил син им, богот на светлината и доброто – Балдер, Фриг ги натерала сите живи организми да се заколнат дека нема да го повредат најомилениот меѓу нив. Сепак, како случајно пресметала дека едно мало растение е премногу кревко за да го повреди син им, и не му побарала заклетва. Во нордиската митологија, боговите живеле во рајот наречен Валхала. Таму, една ноќ пред вечерата, откако Балдер имал серија кошмари, лукавиот Локи преобразен во млада девојка ја прашал Фриг дали навистина таа направила сè за да Балдер остане жив засекогаш. Откако Фриг одговорила како на запад од Валхала имало една билка којашто, сепак, е опасна за измачениот сонувач, и рекла на девојката дека е премногу млада за да го добие одговорот. Тогаш, на софрата на дванаесетте богови се појавил непоканетиот Локи. Навредувајќи ги сите, вклучително и Один, создал вистински хаос на вечерата. Успеал безмилосно да го измами слепиот Ход, богот на темницата, така што откако го прашал зошто во хаосот не фрла ништо кон Балдер, а тој одговорил дека бидејќи е слеп и не може да го види, па и нема ништо при рака за фрлање, Локи му дал гранка од отровната билка и така овој си го убил сопствениот брат. Локи бил врзан за век и веков, а земјата паднала во темнина…

  • од книгата Имагинариум – Имагинариумот на Доктор СонЅе.

Recommended Posts

Leave a Comment

Contact

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search